Кинескиот клуб Жиангсу наскоро ќе го официјализира трансферот на Милан Павков, напаѓачот на Црвена ѕвезда кој ја донесе победата за Црвено-белите против Ливерпул во групната фаза во Лигата на шампионите изминатава сезона. Херојот на Ѕвезда постигна два гола против актуелниот европски првак, по што популарната „Маракана“ еруптираше за историскиот момент.
На сметка на српскиот шампион ќе стигнат три милиони евра, додека фудбалерот ќе заработува малку повеќе од еден милион евра годишно.
Павков е втор напаѓач кој ги напушта редовите на Црвена ѕвезда по Дејан Јовељиќ кој потпиша за Ајнтрахт Франкфурт, така што уште повеќе се ослободи место за македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, кој летово е желба на тренерот Владан Милојевиќ.
Инаку, Ѕвезда оствари добра заработка од трансферот на Павков, бидејќи пред две години го купи за само 300.000 евра од Раднички Ниш.
Потсетување на погодоците на Павков со кои Ц. Ѕвезда славеше со 2-0 над Ливерпул: