Мексико е во четвртфинале, но фудбалер на Мартиник го „украде“ шоуто (видео)

Мексико со победата од 3-2 над Мартиник ја запиша третата победа во групната фаза, и со максимален број на бодови ќе игра во четвфтфиналето од Голд купот. Седумкратниот освојувач на континенталниот турнир на Централна и Северна Америка дојдоа до посакуваниот триумф со головите на Антуна, Хименес и Наваро, но шоуто го украде Парсемајн, напаѓачот на Мартиник кој постигна вистински убавец во 56-тата минута.

Тоа беше гол за израмнување на 1-1, мајсторијата на Парсемајн од слободен удар воодушеви речиси 60.000 присутни на стадионот „Бенк од Америка“ во Шарлот.

Претходно се сретнаа двете останати репрезентации од групата А, а Канада со триумфот 7-0 над Куба како второпласирана ќе игра во нокаут фазата. Кубанците шампионатот го завршуваат со три порази и гол-разлика од 0-18, а вторпат примија седум гола откако претходно таков дебакл претрпеа и од Мексико.

На триибините имаше 59.283 луѓе, и тоа е далеку над секоја посета што досега беше забележана на поатрактивното натпреварување Копа Америка. Дури и на мечевите кои ги играше домашниот Бразил, досега немаше повеќе од 50 илјади луѓе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести