Пабло Сарабија ќе игра за Пари Сен Жермен за годишна плата од 4 милиони евра, а популарните светци сакаат да купат уште еден офанзивец од Севилја, Висам Бен Једер.
Сарабија кој е играч од средниот ред има 27 години и сосема солидна сезона во клубот од Андалузија. Пристигна во Севилја пред три години од Хетафе, откако кариерата ја почна во Реал Мадрид.
Пабло ги мина сите селекции на Шпанија во помладите категории, но се уште нема одиграно ниту еден меч за А селекцијата на „црвената фурија“.
Најавено е дека промоцијата на Сарабија во ПСЖ ќе биде на почетокот на јули.