Алашкерт со гратис влезници бара поддршка од навивачите против Македонија Ѓорче Петров

Ерменскиот претставник во квалификациите за Европа Лигата, Алашкерт ќе дели гратис влезници за своите навивачи за првиот меч против Македонија Ѓорче Петров.

Ерменците сакаат да имаат што поголема поддршка од навивачите на дуелот што ќе се игра на 11. јули од 17 часот на теренот на Фудбалската федерација на Ерменија.

Капацитетот на стадионот е мал со околу 1.500 места и влезници според одлуката на раководството на Алашкерт нема да се плаќаат.

Ерменскиот состав има неколку одлични индивидуалци предводени од најдобриот стрелец Урош Ненадовиќ, тука е и Бразилецот Густаво Марментини, кој и е добро познат на нашата фудбалска јавност, бидејќи беше на проба во Вардар, но не беше ангажиран, а најпознато име кај Алашкерт е Едгар Маначурјан.

Маначурјан има 32 години, а беше член на Ајакс во минатото како еден од најголемите таленти во Европа, но не успеа да го потврди потенцијалот и по авантурата во руски Урал се врати во Ерменија во редовите на Алашкерт.

Реванш мечот ќе се игра во Скопје на 18. јули.

- Оглас -

Најнови вести