ПСЖ купи фудбалер од Шпанија кој треба да биде замена за Нејмар

Пабло Сарабија, еден од најдобрите играчи на Севилја во минатата сезона, во новата сезона ќе го носи дрест на Пари Сен Жермен. Францускиот првак официјално објави дека потпишал петгодишен договор со офанзивниот играч за врска.

Сарабија одигра одлична сезона во Севилја и вкупно во 53 меча даде 23 погодоци, што беше најава за неколку европски клубови да сакаат да го видат во своите редови. ПСЖ не се спомнуваше како опција, но Светците изненадија со договорот.

Според некои шпекулации, Сарабија всушност треба да биде замената за Нејмар доколку Бразилецот си замине од „Паркот на принцовите“. Нејмар најави дека сака да си оди од францускиот тим и да се врати во Барселона, но останува да се види дали ова е остварливо.

Сарабија е играч кој потекнува од школата на Реал Мадрид, каде што е од 2004 до 2010 година. Сепак, никогаш не доби шанса да заигра во првиот тим и направи трансфер во Хетафе, каде што остана до 2016 година, а да потоа се пресели во Севилја.

https://twitter.com/PSG_inside/status/1145965330713346048

 

- Оглас -

Најнови вести