Секој поен му вредеше 297.500 долари, а за еден меч добиваше 1,36 милиони долари!

По две катастрофални сезони поминати во Њујорк никс, тимот на НБА реши да му даде отказ на Јоаким Ноа. Иако доби отказ, Ноа сигурно не е премногу разочаран бидејќи може да се пофали дека, едноставно, на легален начин успеа да го „ограби“ еден од најпопуларните клубови во светот.

Францускиот центар често имаше проблеми со повредите, но во еден период беше и во конфликт со челниците на клубот, па за две сезони одигра само 53 меча. Вкупно пресметано, на паркетот помина 1.057 минути, а според четиригодишниот договор што го имаше, заработката му е 72,5 милиони долари. Иако доби отказ само по половина одработен договор, тој ќе ги добие сите пари, откако не се согласи со челниците на клубот за помала оштета.

Кога оваа заработена сума ќе се подели со минутите кои ги има поминато на терен, Ноа за секои 60 секунди добивал 68.700 долари. Секој негов постигнат поен Њујорк го чинел 297.500 долари, а секој одигран меч му вредел 1,36 милиони долари.

Едноставно, Ноа успеа да биде можеби најскапиот кошаркар на сите времиња, ако се пресмета просекот на реализација и одиграни мечеви и сумата долари заработена од договорот.

- Оглас -

Најнови вести