Синиша Михајловиќ на точно 50 години објави дека ја започнува најважната битка. Битката за живот. Српскиот тренер откри дека има леукемија и дека сега мора да се фокусира да се избори со опасната болест.
Еден од оние кои меѓу првите упати порака до Михајловиќ, беше неговиот добар пријател и актуелен селектор на италијанската репрезентација Роберто Манчини. Михајловиќ и Манчини од времето кога беа активни на теренот, беа соиграчи во Сампдорија и во Лацио, а и потоа останаа блиски пријатели.
„Премногу си силен Синиша. Ова само ќе те направи посилен, а потоа повторно ќе играме падел“, порача Манчини преку социјалните мрежи.
И навивачите на Болоња, чиј тренер е Михајловиќ, дадоа поддршка до Синиша. Пред тренинг центарот на Болоња, фановите поставија транспарент на кој пишуваше: „Никогаш немој да се предадеш! Со тебе сме Синиша“.
Striscione per Sinisa a Casteldebole pic.twitter.com/GgCg4BVTgH
— Federossoblu (@Federossoblu) July 13, 2019