Синиша Михајловиќ со солзи во очите: Имам акутна леукемија

Откако фудбалскиот свет се изненади од информацијата дека 50-годишниот Синиша Михајловиќ нема да ја води Болоња поради тешка болест, самиот српски стручњак и поранешен фудбалер, се појави пред медиумите да ја објасни ситуацијата и здравствената состојба. На 28 февруари на тестовите не се покажало ништо, но тој има леукемија.

Засега тој останува тренер на Болоња, а дали ќе може истовремено да го води тимот и да се лечи, останува да се види.

„Се појавија некои аноималии кои ги немаше пред четири месеци. Немав болки, нормално држев тренинзи, патував, не се чувствував заморен. Тестовите покажаа дека имам леукемија. Агресивна е, акутна, но не е непобедлива. Кога ја добив веста, тоа беше силен удар за мене. Сакам на сите да им се заблагодарам за поддршката и љубовта која ми ја даваат. Ќе ја добијам оваа битка. Моите солзи не се од страв, на болеста ќе и погледнам во очи и ќе се борам со неа. Ќе победам за моите играчи, семејството и сите кои ме сакаат. Примив 600-700 пораки, не успеав да им вратам на сите. Мојот татко почина од рак, редовно се проверувам, и на време го открив проблемот“ – рече Михајловиќ.

- Оглас -

Најнови вести