Утврдено е од кој тип на леукемија боледува Михајловиќ: Колкави му се шансите да ја победи болеста?

Легендарниот српски фудбалер Синиша Михајловиќ веќе една недела ја води најважната битка, битката за живот. Михајловиќ пред неколку дена откри дека боледува од акутна леукемија, но дека и покрај тоа, ќе остане тренер во Болоња.

По неколу дена тестирање било потврдено дека Михајловиќ има акутна миелоидна леукемија (АМЛ). Тоа е малигна болест на крвта, односно коскената срж, која се одликува со ненормално размножување на крвни миелоидни клетки и зголемување на белите крвни зрнца во организмот.

Оваа леукемија е една од почестите која се појавува кај лица во поодмината возраст. Михајловиќ има 50 години. Оваа болест денеска се смета за излечива, но само ако биде навремено откриена. За среќа, таков е случајот и кај Михајловиќ. Лекувањето се состои со агресивна хемотерапија и трансплатација на коскената срж. Шансите за победа на оваа болест е и до 70 отсто.

Колку само за споредба, луѓето кои имаат акутна миелоидна леукемија се со поголема шанса да преживеат од тие кои имаат лимфоцитна леукемија.

Михајловиќ низ годините поминати на теренот се покажал како одличен борец, па сега веруваме дека ќе се избори да ја добие и најважната битка. Forza Синиша !

 

- Оглас -

Најнови вести