Андре Силва се прости со Милан, ќе го засили Монако

Андре Силва ќе игра за Монако, откако синоќа го напушти кампот на Милан на подготовките во САД и се договори да ги засили популарните „кнезови“.

Силва во последната сезона беше на позајмица во Севилја, но клиубот од Андалузија одлули да не ја активира клаузулата за откуп на неговиот договор со Милан.

Во јуни 2017 година Португалецот пристигна во Милано од редовите на Порто за сума од 38 милиони евра, беше најевн како големо засилување на Милан, но не се снајде добро. Одигра 24 меча за Милан, а постигна само два гола, па и беше пзоајмен на Севилја. таму одигра солидна сезона со 27 натпревари и 9 гола, но Севилја одлучи да не плаќа 35 милиони евра, според договорот со Милан и индиректно го испрати 23-годишниот напаѓач во Монако.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести