Бејл пак заигра за Реал и даде гол во драмата против Арсенал (Видео)

Реал Мадрид на пенали го победи Арсенал во меч од Интерконтиненталниот куп на шампиони, во кој во главна улога беше Герет Бејл. Само пред неколку дена, тренерот на Реал, Зинедин Зидан, порача дека Велшанецот може одма да си оди бидејќи веќе нема да смета на неговите услуги за новата сезона, но на мечот против Арсенал се случи нешто друго.

Лондонскиот тим водеше со 2:0 на полувремето благодарение на головите на Лаказет од пенал во 10-тата минута и Обамејанг во 24-тата минута. На почетокот на вториот дел, Зидан направи шест измени, а меѓу оние кои влегоа на теренот беше и Бејл, и тоа на местото на новото големо засилување Еден Азар, кој не покажа ништо посебно во првиот дел.

На Велшанецот доволно му беа само 10 минути поминати на теренот за да даде гол. Бејл намали на 1:2 и најави дека Реал нема да се предаде. Три минути подоцна, гол даде и Асенсио за 2:2, па мораше да се шутираат пенали.

Вo пенал-рулетот, Бејл имаше можност прв да шутира за Реал, но утна. За негова среќа, играчите на Арсенал беа далеку послаби изведувачи на ударите од белата точка. За Топчиите утнаа Џака, Монреал и Бартон, па Реал победи на пенали со 3:2.

https://youtu.be/wRZnkcytJJ0

Попладнево од 13:30 часот во Интерконтинеталниот куп ќе играат Јувентус и Интер, а целата понуда за овој меч ја има на Sport Life.

 

- Оглас -

Најнови вести