Кога еден тим ќе продаде фудбалер кој речиси и да нема заиграно за сума од 10 милиони фунти, тоа е одлична зделка. Таков е случајот со Тотенхем, кој успеа да го продаде холандскиот напаѓач Винсент Јансен во мексиканскиот Монтереј.
Јансен дојде во Тотенхем во 2016 година за сума од 17 милиони фунти кои ги доби неговиот дотогашен клуб АЗ Алкмар. Во првата сезона одигра 38 меча за Тотенхем и даде шест гола, но потоа доаѓаат проблемите за него. Следната сезона одигра само една минута, пред да биде даден на позајмица во Фенербахче.
По враќањето од турскиот тим, Јансен повторно не се наметна кај тренерот Маурицио Покетино. Минатата сезона одигра само три меча и тоа вкупно 40 минути. И покрај ваквиот биланс, Тотенхем сега успеа да го продаде напаѓачот за сума од 10 милиони фунти.