Хрватите потклекнаа, Шпанија и Италија обезбедија олимписки игри

Репрезентациите на Шпанија и Италија се пласираа во финалето на Светското првенство во ватерполо за мажи. Во полуфиналето, Шпанците ја поразија Хрватска со 6-5, а Италијанците ја совладаа Унгарија со 12-10. Со пласманот во финалето, Италија и Шпанија обезбедија место на олимпискиот турнир. Шпанија ќе игра финале на СП и во женска конкуренција.

Хрватите како бранители на трофејот беа фаворити, но потклекнаа против тимот кој претходно ги надигра и Србите. Шпанија водеше со 6-2 по три четвртини, а во финишот „баракудите“ само го ублажија поразот. Со ова, продолжи црната серија на Хрватска во дуелите со „црвената фурија“, која никогаш не ја победиле на СП.

Унгарците и Италијанците одиграа поефикасно, а клучна беше втората четвртина која тимот на славниот Алесандро Кампања ја доби со 5-1 и направи пресврт по водството на противникот од 4-2. Италија во 2011 година во Шангај за последен пат освои медал, и тоа златен, па можеби повторно Мундијал кој се одржува во Азија ќе биде среќен за нив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести