Минималец за Црвено-црните против турскиот Касимпаша

Екипата на Вардар минимално славеше против Касимпаша со 1-0 во последниот подготвителен натпревар во пресрет на новата сезона. Избраниците на Александар Васоски ја запишаа втората победа по вкупно шест контролки само еден ден подоцна откако беа подобри од словенечката Рогашка со 2-1.

Младиот Џемал Ибиши ја реши средбата во 55-тата минута, што беше доволно за најтрофејниот македонски клуб.

Вардар со овој меч ги завршува подготовките и се концентрира на успешен старт на сезоната во македонскиот шампионат, каде што на 11 август ќе се сретне со Македонија Ѓорче Петров во градското дерби од првото коло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести