Астон вила е летниот „хит“ во Премиер лигата

Ако некој клуб го дрма Островот ова лето, тоа е Астон вила. Порватникот во Премиер лигата има големи амбиции во пресрет на новата сезона, за нив опстанок во лигата нема да важи за успех, туку посакуваат респектабилна позиција на табелата.

Тоа го докажува и вложувањето на трансфер-пазарот. Денеска во нивните редови пристигнаа уште две нови лица, поточно засилувања број 11 и 12. Станува збор за искусниот англиски репрезентативен голман Том Хитон, кој го напушти Барнли за 8 милиони фунти.

Другото засилување е за средината на теренот. Играчот за врска Марвелус Накамба за 11 милиони фунти се пресели од редовите на Клуб Бриж и потпиша петгодишен договор со повратникот во англиската елита.

Со новите аквизиции, Астон вила ја надмина границата од 135 милиони фунти, односно 149 милиони евра потрошени за фудбалери, а нема да биде изненадување доколку доведат уште некое ново име до крајот на преодниот рок.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести