Арарат Ерменија има многу куса историја и неверојатен напредок за нецели три години, откако членовите на ерменската фудбалска Академија станаа професионален клуб.
Во 2017 година во Ереван се роди нов клуб составен од членови на Фудбалската Академија на Ерменија и млади играчи од најпознатиот клуб Пјуник. И веднаш првата сезона како Аван Академија беа третопласирани во првенството, а потоа се обидоа да направат маневар и да играат во Русија.
Клубот го купи Самвел Карапетјан, бизнисмен од руско потекло, а името беше сменето во Арарат Москва. Се обидоа да добијат лиценца за да играат во руското првенство, но обидот беше неуспешен и одбиен.
Повторно го сменија името и од лани кога ја освоија и првата шампионска круна во Ерменија, се познати како Арарат Ерменија.
Во второто квалификациско коло за настап во фазата по групи го победија шведски АИК на домашен терен со 2:1, што им е прва победа во европските купови, но птооа беа поразени со 1:3 и испаднаа.
Сепак Арарат продолжи успешно во квалификациите за настап во Европа Лигата, а го елиминира Линколн од Гибралтар со два победи. Сега на ред е двомеч со грузиски Сабуртало, противник што може да се елиминира, а ако Ерменците успеат да минат понатаму, во плејофот ќе играат со Дуделанж, или Номе Калју, екипи што ја декласираа Шкендија, но не се непобедливи.
Првиот меч од полуфиналето во квалификациите за настап во Европа Лигата, Арарат Ерменија го игра денеска во Ереван против Сабуртало од 17 часот. Реваншот е на 14.август во Грузија.