Тешка е повредата на Сане – Ги скина лигаментите на коленото, паузата ќе биде 6 месеци

Лирој Сане ги скина лигаментите на коленото и го чека операција и пауза од најмалку шест месеци. Тешка е повредата на одличниот офанзивец на Манчестер сити, на дуелот со Ливерпул во Комјунити шилд, односно на мечот од Суперкупот на Англија.

Сане мораше да го напушти теренот во 13. минута, а по деталните прегледи се потврди дека ги скинал лигаментите на коленото и ќе мора да се оперира и долго да паузира.

Веројатно поради тешката повреда на „Вембли“ на Сане му пропадна и трнсферот во Баерн Минхен, за кој се шпекулираше дека ќе тежи цели 110 милиони евра.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести