Езѓан Алиоски и во второто коло од Чемпионшип лигата својата шанса за настап ја чекаше од клупата, па ги одигра последните дваесетина минути во ремито на Лидс од 1-1 против Нотингем форест. Македонскиот репрезентативец влезе во игра во 73-тата минута, во моменти кога неговата екипа имаше минимална предност, а само четири минути подоцна Грабан донесе израмнување за гостите.
Претходно Ернандес ја затресе мрежата во 59-тата минута, но избраниците на Марсело Бијелса не го одржаа позитивниот ритам и потфрлија во обидот да бидат максимални по првите две кола. Алиоски овојпат играше на левата крилна позиција, иако во претходното коло играше како лев бек.
https://www.youtube.com/watch?v=2AGFy34zRKo