Легенда на Сампдорија ќе биде сопственик на калчолигашот

Клупската легенда Џанлука Вијали многу веројатно ќе биде нов сопственик на Сампдорија. Вчерашните преговори со сегашниот сопственик Масимо Фереро вродија со плод, така што во најскоро време ќе се оствари преземањето на калчолигашот.

Италијанските медиуми известуваат дека сумата на откупот ќе изнесува околу 100 милиони евра, а целата работа би требало да се заврши до крајот на идниот месец.

Вијали како играч на Сампдорија се прослави во светски размер, запиша вкупно 321 настап и постигна 138 гола во улога на напаѓач. По четири изминати години на „Луиџи Ферарис“, Вијали во 1996 година се пресели во редовите на Челзи, каде што ја заврши професионалната кариера и беше именуван за менаџер на Сините.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести