Клоп: Единствената слабост на Обамејанг е неговиот стил на облекување

Во пресрет на дербито од третото коло во Премиер лигата меѓу Ливерпул и Арсенал, Јирген Клоп даде свое мислење за голгетерот на Топчиите, Пјер Емерик Обамејанг. Германецот соработуваше со ѕвездата на Арсенал во Борусија Дортмунд од 2013 до 2015 година, и вели дека и по толку изминати години Обамејанг сè уште нема маана што се однесува на фудбалски план, но не му се допаѓа неговиот стил на облекување.

„Секогаш правам посебен одбрабен план кога се соочуваме против Арсенал, поточно Обамејанг, но никогаш не сум 100% сигурен дека планот ќе ми успее. Тој е гол-машина, има природен инстинкт да ја затресе мрежата, а со неговата брзина тоа е смртоноска комбинација. Поминаа четири години откако соработувавме во Дортмунд  и уште не можам да му најдам слабост, освен стилот на облекување“, во шега прокоментира Клоп.

Актуелниот европски првак денес го пречекува Арсенал на „Енфилд“ во мечот кој е закажан за 18:30 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести