Какво деби на Елмас во Серија А, седум гола, луди пресврти… (Видео)

Македонскиот фудбалер Елиф Елмас вечно ќе го памети својот прв официјален натпревар во Серија А како играч на Наполи. Наполитанците славеа на гости кај Фиорентина со 4-3, во спектакуларен меч во кој не падна гол во последните 25 минути, но до 67-ма минута имаше дожд од голови на двете страни.

Елмас влезе во игра во 72-ра минута на местото на Алан и успеа да придонесе Наполи веќе да не прими гол и да ја задржи тешко стекнатата предност. „Виолетовите“ поведоа, но Наполи на полувреме замина со позитива од 2-1. Следуваа изедначувања на 2-2 и 3-3 по водствата на гостите, а конечниот резултат го постави Лоренцо Инсиње во 67-ма минута.

Инсиње имаше по два гола и асистенции, а тој, Мертенс и Калјехон првпат по февруари 2018 година дадоа голови на ист меч. Деби како член на Фиорентина имаше Франк Рибери, кој влезе во игра во 78-ма минута.

Tuka можете да ги видите головите:

https://www.youtube.com/watch?v=fqWA2RGjOkU

- Оглас -

Најнови вести