Роман Абрамович, човекот кој го направи Челзи да биде еден од најдобрите клубови не само во Англија, туку и во цела Европа, беше принуден да си замине од лондонскиот клуб. Рускиот тајкун се најде на удар откако одби да ги осуди нападите на Русија врз Украина. Абрамович е добар пријател со рускиот претседател Владимир Путин и едноставно не сакаше да коментира ништо околу воениот конфликт.
Поради ваквиот став, Абрамович доби ултиматум да си замине од Англија, но и да ја напушти сопственичката позиција во Челзи. Во соопштение, Роман објасни дека клубот му го остава на добротворната организација на Челзи.
„Во текот на 20 години колку што управував со Челзи, секогаш сум се грижел да носам одлуки кои се најдобри за интересот на клубот. Останувам верен на тоа и токму затоа и денес одлучив управувањето на клубот да го препуштам на добротворната организација на Челзи. Верувам дека тие се во најдобра позиција да продолжат да се грижат за клубот, играчите, членовите на клубот и навивачите“, стои во соопштението на Абрамович.