Абрамович се повлече од Челзи, но во Европа има уште клубови под водство на Руси

Роман Абрамович и официјално соопшти дека Челзи е на продажба и дека сите пари коишто ќе ги добие од продажбата, ќе бидат донирани за жртвите во Украина.

Сепак, во Европа има уште четири клубови коишто се под сопственост на руски олигарси.

Монако и Серкл Бриж се во сопственот на Дмитри Риболовјев, но тој се чини дека нема да има никакви санкции бидејќи пред неколку години се откажа од руското државјанство, откако беше присилен да ги продаде своите бизниси во Русија на роднини на Владимир Путин.

Богатството на Риболовјев се проценува на околу седум милијарди евра, а во последните сезони вложува сериозни суми во Монако.

Борнмут, пак, е под палката на Максим Демин, но и тој е безбеден бидејќи неговото име не се споменува како едно од најблиските соработници на Путин.

Напротив, и Демин е на „црната“ листа на рускиот претседател и не му се пишува добро доколку се врати во својата татковина.

Слична судбина како на Абрамович го очекува и Валери Ојф, којшто е прв човек на Витесе од Холандија. Тој е близок соработник на довчерашниот прв човек на тимот од Лондон, а преку Витесе, Челзи успеваше да добие работни дозволи за некои од фудбалерите.

Иако сè уште се очекува одлуката од Холандската федерација, најверојатно и Ојф ќе треба да го продаде својот клуб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести