Аргентина го победи Исланд и постави нов рекорд, Меси влезе во игра и одма даде гол (Видео)

Аргентина со 3:0 славеше над Исланд во контролен меч одигран непосредно пред почетокот на Светското првенство. Дуелот се одигра на стадионот во кампусот на Аубурн универзитетот пред 88.043 гледачи и тоа е најпосетениот фудбалски натпревар во сојузната држава Алабама.

Младиот крилен играч на Стразбург, Валентин Барко, уште во осмата минута даде гол за водство на Аргентина од 1:0. За Барко ова беше само четврти настап за Гаучосите. Во второто полувреме, отпорот на Исланд беше скршен дури по влегувањето на Лионел Меси во игра.

Капитенот на аргентинската репрезентација влезе во 70-тата минута, а само две минути подоцна погоди од пенал. Тој беше креатор на акцијата по која беше направен пеналот. Меси реши да го шутира пеналот и стигна до 117-тиот погодок во репрезентативната кариера, во 199-тиот меч. Тоа значи дека првиот натпревар што ќе го одигра на СП 2026 ќе биде јубилеен 200-ти настап за него во аргентинската репрезентација. Погодокот на Меси од пенал може да го видите ТУКА.

Во 87-мата минута Меси повторно започна добра акција, додаде до Родриго де Пол, а реализацијата на погодокот беше за Алмада во 87-мата минута.

Светското пренство започнува утревечер, а Аргентина својот прв меч ќе го одигра за седум дена против Алжир, а во групата на Гаучосите се уште и Австрија и Јордан.

- Оглас -

Најнови вести