Ада е опасен стрелец – Го израмни рекордот во Лигата на шампионките на 24 години

Ада Хегерберг со два гола во победата на Лион против Фортуна хјоринг стигна до израмнување на рекордот според бројот на погодоци во историјата на Лигата на шампионките.

Норвежанката беше одлична во победата на актуелниот европски првак со 4:0 на гостински терен и сега има вкупно 51 гол, исто колку и досегашната рекордерка Ања Митагс.

Ланската најдобра фудбалерка на планетата со признанието Балон д`ор ќе има шанса веќе на реваншот против Фортуна хјоринг на 30 октомври со гол(ови) да биде апсолутна рекордерка во Лигата на шампионките.

Ада има само 24 години и има одлична перспектива за уште многу погодоци во ЛШ.

- Оглас -

Најнови вести