Адана ќе има одличен напад, клупски колега на Балотели стана рускиот џин Ѕјуба!

Искусниот руски напаѓач Артем Ѕјуба е нов член на турскиот прволигаш Адана Демирспор. Ова е прв трансфер во странски клуб за 33-годишниот џин.

На Ѕјуба не му пречеше што ќе игра во ист тим со контроверзниот Марио Балотели и потпиша на една сезона, со можност за уште една. Тренер на Адана е некогашниот одличен италијански офанзивец Винченцо Монтела, па можеби и тоа придонесе Ѕјуба да ја прифати понудата.

Во Адана, Ѕјуба ќе носи дрес со бројот 24. Досега во Зенит тој на грбот имаше 22-ка. Освен Ѕјуба, Адана од Зенит го купи и Јарослав Ракитски.

- Оглас -

Најнови вести