(Видео) Адебајо ќе игра за Мајами на третиот меч, може ли Хит до чудесен пресврт против Лејкерс?

Бем Адебајо не играше на вториуот меч од финалето во НБА, а неговиот тим Мајами хит претрпе и втор пораз од Лос Анџелес лејкерс и има тешка мисија пред себе да се обиде да направи пресврт и подвиг за освојување на титулата.

Во речиси невозможната мисија од третиот меч веројатно ќе можат да сметаат и на Адебајо, кој е клучен играч на Хит во битката под кошевите.

https://twitter.com/TSN_Sports/status/1311499270252564481?s=20

Повредата на рамото поради која Бем пропушти и добар дел од првиот дуел во финалето е санирана, па со дополнителен елан Мајами ќе тргне по прва победа во финалната серија.

„Да верувам дека ќе можам да играм. Очекувам да бидам стартер на третиот меч во финалната серија. Сега ни треба магија, многу енергија и глад за победи за да приредиме чудо. Сигурен сум дека можеме да играме многу подобро од тоа што го прикажавме на првите два меча“, изјави Адебајо.

За жал на симпатизерите на Мајами, Горан Драгиќ нема да настапи на третиот меч и речиси сигурно и до крајот на финалето, а неговата повреда е потешка.

Лос Анџелес лејкерс ги доби двата дуели убедливо со двоцифрена разлика и е голем фаворит за шампионската круна, што би била 17-та за клубот од Ел-Еј за израмнување на врвот на вечната листа со засега најтрофејниот клуб, Бостон селтикс.

 

 

- Оглас -

Најнови вести