Адеми доби награда за ферплеј, но неговиот Динамо со пораз тргна во одбрана на титула

Динамо Загреб претрпе изненадувачки пораз од Славен Белупо со 0-2 на стартот од новата сезона во хрватското првенство. Тренерот Дамир Крзнар одлучи да одмори неколку првотимци, меѓу кои беше и капитенот Аријан Адеми, кој пак пред натпреварот ја прими наградата за ферплеј.

Играчот за врска на Македонија остана на клупата за резерви, додека Стефан Ристовски го одигра целиот меч на „Максимир“, кој се реши со головите на Крстановиќ во 50-тата и Богојевиќ во 87-та минута.

Динамо во вторник треба да го одигра реваншот против Омонија во второто коло од квалификациите за ЛШ, во кој на домашен терен ќе брани поволен резултат од 3-2.

- Оглас -

Најнови вести