Адеми е капитен на Динамо и човек за сите позиции – Против Сити ќе игра како стопер

Аријан Адеми е капитен на Динамо Загреб и универзален играч што може да игра на многу позиции на теренот, но вечерва ќе биде на за него невообичаено место, во мечот што од таборот на хрватскиот првак го доби епитетот „натпревар на деценијата“.

Гостин ќе биде Манчестер сити, а Адеми ќе игра како стопер бидејќи тука Динамо има многу проблеми.

„Со Аријан ќе немаме проблем. Пробавме на таква позиција на дуелот со Вараждин и функционираше беспрекорно во тандем со Дилавер“, вели тренерот Ненад Бјелица.

Динамо мора да победи и да се надева на пораз или на реми на Шахтар против Аталанта во мечот што ќе се игра во Украина со почеток во истиот термин, од 18.55 часот, како и дуелот на „Максимир“.

Манчестер сити има 11 бода пред стартот на последното коло и сигурно ќе ја заврши фазата по групи како првопласирана екипа.

Шахтар има 6 бода и подобар меѓусебен скор со Динамо, кој има пет бода. На Аталанта, која има четири бода, игра само на победа во Харков и реми или пораз на домаќините на „Максимир“.

 

- Оглас -

Најнови вести