Адеми го промовираше ретродресот на Динамо со кој Бобан удри полицаец во 1990 година

Динамо Загреб пушти во продажба ретродрес кој играчите на клубот го носеа пред 30-тина години, а еден од „манекените“ кои го промовираа беше актуелниот капитен и македонски репрезентативец, Аријан Адеми.

Дресот на Динамо од 1990 година, со десетката на грбот, во тоа време го носеше сега веќе славниот Звонимир Бобан. Со таа 10-ка, Бобан за време на инцидентот на „Максимир“ пред неодиграниот меч на Динамо со Црвена ѕвезда, кога почнаа политички промени во Југославија, го удри милицаецот Рефик Ахметовиќ.

За да биде што поверодостоен на оригиналот, на грбот на овој дрес на Динамо ја има и петокраката.

- Оглас -

Најнови вести