Адеми и Елмас славенички, пораз за Тричковски и Мојсов во ЛЕ

Фенербахче и Динамо Загреб славеа идентични победи од по 2-0 во Лигата на Европа, а Аријан Адеми и Елиф Елмас одиграа цел меч за турскиот гигант и за популарните „модри“ од Загреб.

Фенер во Истанбул со головите на Слимани го победи Спартак од Трнава, а Динамо лесно славеше во Брисел против Андерлехт со погодоците на Хајровиќ и на Гојак. Ова беше прв цел меч за Адеми по повредата, што е добра вест за нашата репрезентација.

Радува и гол-формата на Иван Тричковски, кој погоди на „Бај арената“ против Баер Леверкузен во поразот од 2-4 на АЕК Ларнака. Со Тричковски цел меч одигра и Даниел Мојсов за гостите од Кипар.

Победа забалежа Спортинг Лисабон против Ворскла со 2-1, но мечот на клупата го следеше Стефан Ристовски.

Резултати: Милан – Олимпијакос 3-1, Андерлехт – Динамо Загреб 0-2, Баер – АЕК Ларнака 4-2, Бордо – ФК Копенхаген 1-2, Цирих – Лудогорец 1-0, Фенербахче – Спартак Трнава 2-0, Карабах – Арсенал 0-3, Бетис – Дуделанж 3-0, Салцбург – Селтик 3-1, Розенборг – Лајпциг 1-3, Ворскла – Спортинг 12, Зенит – Славија Прага 10.

- Оглас -

Најнови вести