Адеми игра велемајсторски – Македонскиот репрезентативец е асистент за мерак во Европа Лигата (Видео)

Аријан Адеми игра велемајсторски и запиша нова асистенција во Лигата на Европа, трета за него во фазата по групи, со што е во топ-5 најдобри асистенти во ова натпреварување.

По двете прекрасни акции против Волфсбергер во минатото коло, и вечерва Адеми игра на врвно ниво, а Динамо е пред промоција во следната фаза во Лигата на Европа и води со 2:0 во Ротердам против Феенорд.

Адеми имаше одлична соло акција во 53-тата минута и во вистински момент му асистираше на Ловро Маер, кој рутински погоди за предност на гостите од Загреб за 2:0.

Feyenoord 0-2 Dinamo Zagreb – Lovro Majer 52′ from soccer

Аријан има вкупно 3 асистенции на пет одиграни натпревари и одлично го предводи Динамо кон презимување во Европа. Популарните Модри немаат пораз, ниту примен гол во досегашните четири меча, на прагот се да победат без примен гол и на петтиот дуел по ред што ќе им донесе сигурно прво место во групата К и пласман понатаму во Лигата на Европа.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести