Адеми: Ќе направиме големо изненадување на ЕП!

Еден од главните фудбалери на македонската репрезентација Аријан Адеми верува дека Македонија може да биде големо изненадување на претстојниот континентален собир, на којшто Рисовите ќе дебитираат по историскиот пласман.

Капитенот на Динамо е свесен дека селекцијата на Ангеловски е потценета и е меѓу аутсајдерите, но токму во таква улога ќе покажат колку се опасни.

„Можеме да оствариме многу. Убеден сум дека ќе изненадиме на Европското првенсто и ќе направиме големи нешта. Знам дека изјавата е амбициозна. Верувам дека така звучи, но сите ние во репрезентацијата сакаме да бидеме меѓу аутсајдерите. Сите да нè понижуваат, под наводници. Ние сме најмали, но како такви секогаш сме најопасни. Нашата репрезентација има одличен карактер, сите гриземе, затоа верувам кога велам дека можеме да изненадиме“, посочи Адеми.

Националниот состав на Македонија се најде во групата Ц, каде што за противници ќе бидат Холандија, Австрија и Украина.

- Оглас -

Најнови вести