Чупиќ верува во чудо, побара и публиката да верува и да направи пеколна атмосфера

Со Малус и Хориха во составот, а и поддршка од публиката, екипата на Вардар 1961 утревечер од 20.45 часот во „Јане Сандански против Монпеље ќе проба да направи чудо и да се најде на фајнал-форот во Европската лига на ЕХФ.

Вардарци на првиот натпревар во Франција загуби со 23-33. Квотите во Sport Life велат дека Монпелје е фаворит за победа и во Скопје, но Црвено-црните не само што не мислат така, туку веруваат и во чудо и победа дури и со двоцифрена разлика.

Тренерот Иван Чупиќ потрди дека се враќаат Хориха и Малус кои не играа на првиот меч.

„Во нашата сала секогаш е тешко да се игра, тоа го знаат сите противници, мора да се покажеме во подобро светло, и да веруваме во сите 60 минути, да пробаме да направиме што е во наша можност да ги надоместиме тие 10 голови разлика. Може ќе ме наречете будала што сум верувал, но ги замолувам сите што го сакаат Вардар да дојдат во сала, и од прв момент да веруваме во некое чудо, никој не ни брани да сонуваме. Тешко е да се одигра совршен меч, но јас верувам дека тој совршен меч можеме да го одиграме утре“, изјави Хрватот.

- Оглас -

Најнови вести