Адеми не можеше да се воздржи на провокациите од трибините (Видео)

Динамо Загреб загуби на гостувањето кај Рапид Виена во третото коло од Лигата на Европа, па сега се усложни работата на Модрите за поминување на групната фаза. Капитенот на Динамо и македонски репрезентативец, Аријан Адеми, поради повреда не можеше да им помогне на гостите, но беше на клупата за резерви.

Адеми, кој е познат како голем борец, емотивно ги доживува мечевите и кога не е на теренот. Во еден момент, од трибината еден човек почна да му дофрлува на Адеми, а македонскиот репрезентативец лут од таквиот однос, возврати со пцовки.

Според некои пишувања, човекот кој успеа да го испровоцира Адеми бил австриски новинар. Конфликтот на кој се гледа лутиот Адеми започнува од 1:10 минута на видеото.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести