Адеми по половина година помината во Кина, се враќа во Динамо Загреб

Аријан Адеми се враќа во Динамо Загреб. Оваа вест ја потврдуваат хрватските медиуми. Македонскиот репрезентативец е легенда на Модрите, каде што помина 12 и пол години, а пред неколку месеци направи трансфер во кинескиот тим Бејџин Гуан.

Најавите се дека се работи за откуп на договорот на Адеми за околу милион евра, а фудбалерот ќе се откаже од дел од платата која ја заработува во Кина, а изнесува 1,5 милиони евра по сезона.

„Се надеваме дека ќе се заврши враќањето на Адеми во клубот. Остануваат некои ситни детали“, пренесуваЈутарњи лист“.

Целта на Динамо е трансферот да биде комплетиран до крајот на денот и тој да биде пријавен за настап во мечевите од Конференциската лига на УЕФА.

- Оглас -

Најнови вести