Манчестер сити го победи Брентфорд со 3-0 и продолжи да прави притисок врз лидерот Арсенал во битката за титула во Премиер лигата. После 35 одиграни мечеви, Арсенал има два бода повеќе од Сити, остануваат уште три кола надеж до крајот за тимот од Манчестер дека може да биде првак.
Жереми Доку даде гол за 1-0, негов четврти погодок на последните три меча во сите натпреварувања, а потоа Ерлинг Халанд зголеми на 2-0 и асистираше за 3-0 при голот на Мармуш (втор гол на Египќанецот во англиското првенство). Норвежанецот дава гол четврто коло по ред во Премиер лигата.
Сити има за еден гол полоша гол-разлика од Арсенал. И тоа не е неважно, бидејќи ако на крај двата тима имаат ист број бодови, првак ќе стане тимот со подобра гол-разлика.

