Истанбул се тресе, Галатасарај со гол во 88-ма минута ја освои титулата (Видео)

Галатасарај по 26-ти пат, а четврта година по ред, е шампион на Турција во фудбал. Галата вечерва ја обезбеди титулата со победа од 4-2 над Анталијаспор.

Јунак на Лавовите беше Виктор Осимен кој даде гол во 88-ма минута за водство од 3-2. Во финишот домашните ставија точка, но голот на Осимен беше клучен.

Ако ги прашате фановите на Фенербахче, најзаслужен за победата е судијата кој при 2-1 за Анталија досуди за нив непостоечки пенал за старо-новиот првак и со тој гол од пенал на Осимен се вратија од непријатна ситуација. Ова е спорниот момент и наводната помош на судијата за Галатасарај:

- Оглас -

Најнови вести