Мајсторски гол за прва победа на Селта против Атлетико на „Ванда метрополитано“ (Видео)

Немотивираниот Атлетико Мадрид е поразен дома од Селта Виго со 0-1, што за тимот од Галиција е историски триумф, бидејќи е прв против Јорганџиите на стадионот „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.

Селта 10 години и 14 меча по ред немаше победа во Мадрид против Атлетико, а лигашки триумф над Атлетико во шпанската престолнина немаа уште од 2007 година кога Атлетико уште играше како домаќин на стариот „Висенте Калдерон“, исто како и во 2016 кога Селта го победи Атлетико во Купот.

Борха Иглесијас даде атрактивен гол лобувајќи го Јан Облак и носејќи ја Селта на три бода негатива зад петтиот Бетис, кој има и меч помалку. Од Шпанија, следната сезона во ЛШ ќе играат пет тима. Борха сезонава даде гол против трите најголеми шпански клубови.

- Оглас -

Најнови вести