Адеми сака да го стигне Дражен Ладиќ, или барем да му се доближи

Аријан Адеми со 250 настапи во дресот на Динамо Загреб веќе е една од иконите на тој клуб, осми е на вечната листа на фудбалери со најмногу настапи, а сака да дојде и до второто место на оваа листа на која води Дражен Ладиќ.

Адеми е срце и душа на актуелниот состав на Динамо, во клубот е девет години, дебито го имаше пред 3.416 дена, а играше заедно со 117 различни соиграчи.

„Се сеќавам на првиот меч што го играв за Динамо. Игравме дома против Риека, а тренер ни беше Велимир Зајец. Не го паметам по добро тој меч, загубивме со 1-2“ – вели Адеми, кој има 150 лигашки настапи за Модрите.

Пред него се: Бутина со 154, Самир со 185, Цвитановиќ со 190, Дрпиќ со 191, Микиќ со 192, Мујчин со 205, а рекордер е голманот Дражен Ладиќ со 231.

„Мислам дека сите се достижни, освен можеби Ладиќ. Тој навистина има многу, но никогаш не се знае“, додава македонскиот репрезентативец, кому еден од трите најомилени мечеви во дресот на Динамо му е победата од 4-0 над Аталанта на отворањето на сезонава во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести