Адеми утре лета за Загреб, но ќе се врати за дуелот против Италија

Репрезентативецот на Македонија, Аријан Адеми, утре ќе го напушти собирот на националниот тим и ќе оди во Загреб за да потпише договор со Динамо. Селекторот Милевски дал дозвола за отсуството на репрезентативецот и тој ќе биде на располагање за натпреварот против Италија во сабота.

Адеми на собирот на репрезентацијата дојде со мала повреда на листот на левата нога, но лекарскиот тим се надева дека ќе биде максимално подготвен за натпреварот против Италија, а потоа и за дуелот против Малта.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести