Вардар може да преноќи на +4, битолчани посакуваат хет-трик против струмичани

Попладнево во Струмица и Скопје ќе се играат два натпревари од Првата македонска фудбалска лига кои би требало да бидат интересни.

Во Струмица, Брера го пречекува Пелистер во дуел на два тима кои се во зоната на табелата која носи бараж за опстанок, а и после овој меч ќе останат таму. Битолчани имаат минимална предност од само еден бод пред Работнички кој е во зоната на испаѓање, па бодовите им требаат и тоа како. Пелистерци ги добија првите два меѓусебни дуели со Брера во оваа сезона, сега одат по хет-трик, а Брера ќе проба да го спречи тоа и да се доближи до местата кои носат сигурен опстанок.

Вардар кој е лидер на табелата и се бори за титула, важи за голем фаворит против Тиквеш, но Црвено-црните немаат избор освен три бода и ќе мора да се потрудат да го добијат овој натпревар. Вардар го победуваше Тиквеш во двата дуели сезонава, тоа беа мечеви на кои двата тима даваа гол.

После бледото издание на кавадарчани против Шкендија, имаше одредени препукувања и тензии на релација членови на раководството на Вардар со челниците на Тиквеш и неговите навивачи.

- Оглас -

Најнови вести