Адетокумбо секогаш расположен за дабл-дабл против Индијана

Mилвоки бакс – Индијана пејсерс (02:00 часот)

На Јанис Адетокумбо му лежи Индијана како противник, без разлика дали неговата екипа извојува победа или не, тој редовно бележи најмалку двоен учинок кога игра против Пејсерс. Воедно, на Милвоки му е потребен триумф за да се врати на победнички патеки по два последователни порази од Јута и Феникс.

Предлог тип: Ј. Адетокумбо >25.5 (1.87)

 

Портланд трејлблејзерс – Оклахома сити тандер (04:30 часот)

Може да се смета за дерби на вечерта, играат третата против четвртата најдобра екипа на Западот. И Портланд и Оклахома имаат идентичен учинок со по 39 победи и 25 порази, што значи дека ќе биде борба за третата позиција. Ова ќе им биде четврта средба само во 2019 година, а претходните три им припаднаа на Тандерси, што значи дека Лилард и неговите соиграчи се стремат кон реванш.

Оклахома има само еден триумф во последните пет меча, јасно е дека само позитивен исход е во нивен интерес.

Предлог тип: <229.5 (2.05)

 

Бостон бруинс – Флорида пантерс (01:00 часот)

Бостон речиси една година трага по победа над „пантерите“, а сега има шанса како никогаш досега да го направи тоа. Флорида е во очајна форма и бележи пет порази во низа, додека хокеарите на Бостон се во добро расположение по четирите последователни победи на домашен терен, а ноќеска ќе имаат шанса да ја прецртаат и петтата пред своја публика.

Предлог тип: 1 & 5+ (2.52)

 

Tампа беј лајтнинг – Минесота вајлд (01:30 часот)

Тампа прими 10 гола во последните два меча против Минесота, односно по пет во двата порази, но сега на домашен терен немаат право на кикс. Сепак, „дивите“ одлично се снаоѓаат надвор од дома, пред вчерашниот пораз од Нешвил наредија четири гостински победи, факт кој Тампа мора да го земе предвид и да игра претпазливо.

Но, како што сезонава играат пред своја публика, се чини дека Тампа ќе оствари триумф и во деветти меч во низа во кој се домаќини.

Предлог тип: 1-1 (2.80)

 

Сан Хозе шаркс – Монтреал канадиенс (04:30 часот)

„Ајкулите“ се немилосрдни кога играат против екипата од Монтреал. Последните седум меѓусебни средби завршија во корист на Сан Хозе, речиси три и пол години Канадиенс немаат победнички рецепт против вториот најдобар тим од Западот. Малку е веројатно дека ноќеска тоа би се сменило, Сан Хозе имаат шампионски амбиции, за разлика од Монтреал, кои силно посакуваат учество во разигрувањата.

Предлог тип: 1 & 5+ (2.34)

 

- Оглас -

Најнови вести