Адидас ги продава по пола цена дресовите на Германија по дебаклот во Катар

Еден ден по елиминацијата на германската фудбалска репрезентација од Светското првенство во Катар, производителот на спортска опрема „Адидас“, кој е спонзор на Панцирите, на својата интернет-страница ги намали цените на германските дресови за 50 отсто.

Адидас се најде во проблем бидејќи само три од седумте репрезентации кои ги носеа неговите дресови се пласираа во осминафиналето, а успехот на репрезентациите многу влијае на продажбата на дресови и друга опрема.

Адидас во пресрет на Мундијалот пресметал дека од продажбата на дресови и друга опрема за време на Мундијалот ќе заработи околу 400 милиони евра, но раната елиминација на Германија во голема мера ги наруши таквите пресметки.

„Иако испаѓањето на Германија тешко не погоди, ние имаме корист од меѓународниот ентузијазам“, рече портпаролот на Адидас.

За разлика од „Адидас“, американски „Најк“ има многу повеќе причини да биде задоволен, бидејќи во осминафиналето неговата опрема ќе ја носат дури девет репрезентации.

- Оглас -

Најнови вести