„Адидас“ му договара спектакуларен трансфер на Реал Мадрид, ќе му го донесе најбараниот германски фудбалер

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, вообичаено кога ќе науми да донесе некоја фудбалска ѕвезда испева во тоа, а за следниот голем трансфер ќе добие помош од спонзорот „Адидас“.

Шпанските медиуми пишуваат дека е подготвен нов едногодишен договор за Тони Крос, а германските пишуваат дека потоа како негов наследник на „Сантијаго Бернабеу“ треба да пристигне најдобриот млад германски фудбалер, Флоријан Вирц од Баер Леверкузен.

Германскиот производител на спортска опрема кој му е спонзор и на Вирц, сака фудбалерот во 2025 година да потпише за Реал Мадрид. Наводно, „Адидас“ му помогнал на Перес минатото лето во реализација на трансферот на Џуд Белингам.

 

Според медиумите, Вирц е опседнат со освојување на трофеи и дека секогаш предност ќе имаат спортските од економските аспекти и поради тоа големи се шансите да заврши во Реал Мадрид.

Вредноста на трансферот би требала да изнесува околу 120 милиони евра, што би претставувало апсолутен рекорд за Баер Леверкузен.

Перес за ова лето е фокусиран да потписот со Килијан Мбапе кој на „Сантијаго Бернабеу“ треба да пристигне како слободен играч.

- Оглас -

Најнови вести