Агентот Рајола и таткото на Халанд попладнево се во Мадрид на разговори со Реал, се јавија од Борусија!

Како бомба одекна информацијата дека агентот Мино Рајола и таткото на Ерлинг Халанд, се во Барселона, на разговори со каталонскиот клуб околу можен трансфер на норвешкиот голгетер кој игра за Борусија Дортмунд. Рајола и Халанд сениор беа фотографирани на аеродромот во Барселона, а сега има информација дека тие откако го завршиле состанокот со Барса, заминале кон Мадрид и сега се на разговори со Реал Мадрид.

Со ова се потврдува дека Рајола и Халанд сакаат да ги слушнат сите понуди кои ги има за фудбалерот на Борусија, и потоа да одлучат што и како. Освен од Реал и Барса, за Халанд има интерес и од три други големи клубови, веројатно од Премиерлигата.

Од Борусија Дортмунд изјавија дека на Рајола му кажале оти немаат намера да го продадат Халанд ова лето, а за летото 2022 година поставија цена од 180 милиони евра како минимум под кој не би прифатиле отштета за голгетерот.

- Оглас -

Најнови вести