Агонијата продолжува: Девет месеци, 22 меча без победа за Шалке

Шалке и по 22 лигашки натпревари не може да запише победа во Бундеслигата по ремито на домашен терен против Штутгарт со конечни 1-1. Од средината на јануари екипата од Гелзенкирхен не може да освои три бода во шампионатот на Германија, иако домаќините поведоа во вечерашниот меч.

Шалке до водство во првите половина час игра дојде со првиот шут кон голот на Кобел, откако Тијау ја искористи добро нафрлената топка на Хари при прекин за домашниот состав. Штутгарт доби пенал по само десетина минути во вториот дел, го реализира Гонзалес за конечни 1-1.

Македонскиот младински репрезентативец Дарко Чурлинов, доби прилика да ги одигра последните десетина минути од мечот, заменувајќи го повредениот Кулибали.

По шест кола Шалке е на претпоследната 17-та позиција на табелата со само два бода, додека Штутгарт барем до утре ќе стои на четвртото место со девет бода.

 

- Оглас -

Најнови вести