Еден од најдобрите голгетери во 21 век, Серхио Агуеро, не можеше да остане имун и да не се обложи на дуелот меѓу Реал Мадрид и Манчестер сити. Агуеро е најдобар голгетер во историјата на Сити, а кариерата ја заврши во дресот на Барселона.
Стрелец од калибарот на Агуеро беше убеден дека на „Сантијаго Бернабеу“ ќе има повеќе погодоци, па уплатил 10.000 долари дека на средбата ќе бидат постигнати три или повеќе голови.
Оваа прогноза на Агуеро се покажа како добра и тоа по непочни 15 минути од мечот, затоа што тогаш резултатот беше 2:1 за Реал Мадрид. Аргентинскиот голгетер го објави својот тикет неколку часа пред да почне средбата со праката: „Натпревар како денешниот заслужува неколку голови“.
View this post on Instagram