Агуеро со екстремна изјава: Ќе си ги исечам тестисите ако Реал го победи Манчестер сити

Најдобриот стрелец во историјата на Манчестер сити, Серхио Агуеро, даде смела изјава пред првиот натпревар од плејофот за осминафинале во Лигата на шампионите помеѓу Сити и Реал Мадрид.

„Реал Мадрид не може да го победи Манчестер сити. Ако го победат Сити, ќе излезам гол на улиците на Манчестер и ќе си ги отсечам тестисите“, рече Агуеро во еден поткаст за плаформа наменета за навивачи на Барселона.

Легендата на Манчестер сити е дециден дека неговиот поранешен тим е подобар тим.

Не е сосема јасно дали 36-годишниот Аргентинец мислеше само на вечерашниот натпревар или за целиот двобој и елиминацијата на Граѓаните од Реал, но неговите зборови предизвикаа реакции кај навивачите.

- Оглас -

Најнови вести