Ајакс е неприкосновен, Балканот е фабрика за таленти

Ајакс има најмногу продадени играчи во Европа, точно 77, објави Фудбалската опсерваторија „CIES“, а по него следуваат познати клубови од просторите на поранешна Југославија.

Услов е играчите да настапувале најмалку три години за клубот, а Ајакс и од порано е познат како клуб-расадник за таленти.

По него, на делба на второто место се Партизан од Белград и Динамо Киев со по 69 фудбалери што играат во странски клубови.

Ерата на Здравко Мамиќ во Динамо Загреб заврши, но популарните „модри“ во минатиот период продаваа доста играчи, и тоа мошне скапо. Имаат 66-мина фудбалери што минале низ „Максимир“, а сега играат во други клубови.

На четвртото место е Црвена ѕвезда со 61, а топ 5 го затвора Спортинг Лисабон.

Во анализата на „CIES“, се опфатени 31 европска лига.

- Оглас -

Најнови вести